Екипата на Брегалница слави во дербито на колото во вечерен термин против Охрид со минимални 1-0. Штипјани одговорија на предизвикот, новата трибина на „Градскиот стадион“ беше полна, а имаше публика и на старата. Перфектната вечер за Брегалница ја круниса Лука Ѓеоргиев кој даде еврогол со волеј во 44 минута. Овој погодок го реши прашањето на победникот.
Скопје триумфираше на гостувањето кај Вардар Неготино (0-2), додека Шкендија Арачиново и Беласица ремизираа без победик (0-0).
На останатите терени Тетекс ја победи Саса (2-0), Новаци слави против Преспа (2-0), Кожув го доби Големо Коњари (3-0), Осогово дома слави со Слога Виница (3-0), а Детонит беше најубедлив и со 0-6 триумфира кај Победа.
Нов лидер е Скопје со 50 бода, додека следуваат три екипи со по 49 бода и тоа: Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново.






