Италијанецот во болидот на Мерцедес извозе променливо, почна очајно, а заврши перфектно. Тој стартуваше како прв, но имаше ужасен почеток па веднаш падна дури на шестата позиција.
Потоа следуваа неколку претекнувања, за да добие огромна помош од Оли Берман, чие излетување и судир со заштитниот ѕид донесоа безбедносно возило на патеката во моментите кога фаворитите само што ги променија гумите, а тоа го немаа направено само Антонели и Луис Хамилтон.
Возачот на Мерцедес со ова доби подарок и „бесплатен“ влез во боксот, што го искачи на првото место кое потоа со сигурно возење го задржа до самиот крај.
Приказна на денот е и второто место на Оскар Пјастри, кој воопшто не ги ни почна првите две трки со оглед на судирот уште во кругот на загревање во Австралија и механичките проблеми на Мекларен пред Кина. Тој имаше фантастичен старт и неочекувано го презеде водството по првата кривина, за на крајот на се задоволи со втората позиција поради подарокот што Италијанецот го доби по инцидентот на Берман. Третото место на победничкиот пиедестал го пополни Шарл Леклер по жестоката битка со Џорџ Расел се до последната кривина, а шести беше Хамилтон. Себастијан Окон извозе одлично и долго време успешно се бранеше од Макс Верстапен, кој никако не можеше да го престигне и на крајот заврши како осми.
THE TOP 10 AT SUZUKA! 👀#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/kIElAQQIj9
— Formula 1 (@F1) March 29, 2026
Антонели по три трки првпат е и лидер во генералниот пласман со 72 бода, девет повеќе од клупскиот колега Расел.






