Елмас не се снајде најдобро во Лајпциг, па беше пратен на позајмица во Торино каде блесна во сиот свој сјај. Но италијанскиот клуб не можеше да си дозволи да го откупи во целост, па неговата иднина е наисвесна.
Германскиот спортски весник „Кикер“ пишува дека Елмас веќе не сака позајмици, туку перманентен трансфер.
„Елиф Елмас кој не се изнаигра во Лајпциг, се очекува да замине од клубот ова лето. По позајмицата во Торино, клубовите не се договорија за трансфер. Играчот нема иднина во Лајпциг“, стои во дел од напишаното.






