вторник, 9 декември 2025

КФМ се огради и го осуди националистичкото навивање на мечот меѓу Македонија и Романија

Кошаркарската федерација на Македонија ги осуди навивачите кои имаа националистички скандирања за време на вчерашниот меч меѓу Македонија и Романија кој се одигра во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Од КФМ велат дека националистичките пароли, говорот на омраза и поттикнување на нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто.

„Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ке бидат пример за спортска култура и поддршка.

Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина, и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите.

Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани.

Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организационен аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за НЕСПОРТСКИ потреби.

Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои“, стои во соопштението на КФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ