четврток, 29 мај 2025

КФМ доби нов претседател, Томе Главчев порача: Приоритет ќе ми биде цела Македонија, подавам рака на сите

Бизнисменот од Гевгелија и долгогодишен кошаркарски работник и спонзор, Томе Главчев ја доби поддршката на Вонредното собрание и стана 11-тиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Објавено на

часот

Сподели

Заврши ерата на Перо Антиќ како прв човек на македонската куќа на кошарката, денеска едногласно тој беше разрешен од функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.

На Вонредното собрание присуствуваа 39 клубови и сите му покажаа „црвен картон“ на поранешниот троен европски шампион, кој се покажа како многу подобар на теренот отколку надвор од него.

И покрај тоа што Младен Ѓуроски го предводеше „бунтот“ против Перо Антиќ, за нов претседател на КФМ е избран Томе Главчев, бизнисменот од Гевгелија и долгогодишен кошаркарски работник и спонзор.

„Не бев вклучен од стартот во оваа иницијатива за промени, но луѓето кои ја истуркаа ќе бидат дел од мојот тим. Посебно сакам да го поздравам Младен Ѓуроски, кој ги презеде сите работи за организирање на ова собрание“ – рече Томе Главчев.

„Како приоритет имам да ги посетам сите места во Македонија каде што се игра кошарка или се планира да се игра кошарка“.

Тој потоа се упати и до пошироката кошаркарска јавност: „Ви ја подавам раката, но очекувам и вие дека ќе ја подадете за подобро утро на мак баскетот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ