Хунгароринг донесе голема драма пред летната пауза во Формула 1, Ландо Норис забележа голема победа и ја намали предноста на Оскар Пјастри во генералниот пласман.
Британецот лошо стартуваше, се најде на петтото место после првиот свиок, но ризикуваше со стратегијата, се реши со само едно влегување во бокс и на крајот тоа му донесе успех.
За разлика од него, Ферари и Леклер реагираа катастрофално, во еден дел од трката се чинеше дека ја имаат победата во свои раце, а на крајот не се најдоа ниту на пиедесталот.
Оскар Пјастри направи се што можеше, малку фалеше да го претекне својот тимски колега, но и на двајцата да ја заврши трката откако се прецени со доцно кочење во првиот свиок на два круга до крајот и малку фалеше да дојде до контакт помеѓу двата болида на Мекларен.
Возачот од Австралија се обидуваше до самиот финиш, но мораше да се задоволи само со второто место.
Последното место на победничкиот пиедестал му припадна на Џорџ Расел, кој во финишот од трката имаше возбудлива борба со Шарл Леклер, и во овој дуел за малку можеше да дојде до контакт, па на сет мака, возачот од Монако доби и казна од 5 секунди.
Во бодови денеска уште завршија и Алонсо, Бортолето, Строл, Лоусон, Ферстапен и Антонели.
ФОТО: X/Formula 1






