недела, 8 јуни 2025

Катастрофа за Ферари во Имола, Пјастри ја грабна пол-позицијата пред Ферстапен

Оскар Пјастри беше најбрз во квалификациите во Имола и со разлика од само 0.034 секунди ја грабна пол-позицијата пред Макс Ферстапен, Ферари имаше катастрофален ден, двајцата возачи испаднаа во втората сесија.

Објавено на

часот

Сподели

Мекларен се радува на нова пол-позиција оваа сезона. На Големата награда на Имола, Оскар Пјастри беше најбрз во квалификациите.

Возачот од Австралија го обезбеди првото место пред Макс Ферстапен, разликата помеѓу двајцата беше само 0.034 секунди.

Џорџ Расел го имаше третото најдобро време, додека пак Ландо Норис повторно попушти под притисок и финишираше како четврти.

Зад нив се пласираа Алонсо, Саинц, Албон, Строл, Хаџар и Гасли. Ферари, пак, доживеа вистинска катастрофа пред домашната публика.

Двајцата возачи на тимот од Маранело испаднаа во втората сесија, Шарл Леклер ќе тргне како 11-ти, а Луис Хамилтон ќе стартува како 12-ти.

Квалификациите во Имола беа одбележани и од два големи инциденти, во првиот Јуки Цунода го искрши својот болид откако силно удри во заштитната бариера и се преврте, а во вториот Франко Колапинто два пати се изврте на патеката и се заби во оградата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ