среда, 28 мај 2025

„Каталонците“ бесни на судијата Марчињак: Ова се четирите спорни ситуации на дуелот Интер-Барса

Интер и Барселона синоќа одигра уште еден возбудлив натпревар, „нероаѕурите“ на продолженија победија со 4-3 и се радуваа на пласман во финалето на Лигата на шампионите, а гостите се бесни на судијата Шимон Марчињак.

Објавено на

часот

Сподели

Кога Шимон Марчињак беше поставен за главен судија на реваншот помеѓу Интер и Барселона, медиумите блиску до клубот од Камп Ноу веднаш негодуваа и обвинуваа дека Полјакот е познат по тоа што има симпатии кон нивниот најголем ривал Реал Мадрид.

Интер вчера со 4-3 победи во Милано и се радуваше на пласман во финале на Лигата на шампиони, додека пак „каталонците“ беа бесни на судијата Шимон Марчињак.

На пресметката на „Џузепе Меаца“ имаше четири спорни ситуации и сите на крајот завршија во полза на Интер.

Првата се случи во 26. минута, кога Барселона бараше пенал за играње со рака на Ачери, а судиите сметаа дека топката удрила во рамото на дефанзивецот на Интер.

Во 43. минута од мечот беше вториот спорен момент, Лаутаро падна во шеснаесетникот по еден старт на Кубарси и во прв момент Марчињак не досуди ништо. Но по сугестија на ВАР, тој ја промени одлуката, покажа на белата точка и Чалханоглу од пенал донесе 2-0.

Третиот спорен момент беше во 69. минута кога Марчињак досуди пенал во корист на Барселона по еден старт над Ламин Јамал, но по сугестија на ВАР одлуката беше преиначена во прекршок на работ на шеснаесетникот, бидејќи првиот контакт беше направен таму.

Последниот спорен момент се случи во 93. минута, кога Ачерби погоди за 3-3 и го спаси Интер. На зачетокот од акцијата имаше еден дуел помеѓу Дамфрис и Жерард Мартин, за кој „каталонците“ сметаат дека имало доволно контакт и елементи за да се свирне прекршок во нивна корист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ