Кариерата на Лорис Кариус тргна низ брдо по големите киксови во дресот на Ливерпул против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Голманот изминативе години игра епизодна улога, и кога се пишува за него, тоа е вообичаено поради некоја нова глупост на терените или пак врската со познатата новинарка Дилета Леота.
Тој сега повторно е во фокусот на јавноста за еден потег на пријателскиот натпревар помеѓу Шалке и Севиља.
По нешто повеќе од половина час игра, Севиља направи контра, Станис Идумбо Музамбо се најде осамен пред Лорис Карис, кој во целост ја погреши проценката и се фрли во празно.
На овој огромен кикс, Музамбо врти со неверојатно промашување, ниту ја погоди празната мрежа, ниту пак асистираше на својот соиграч кој се уфрлаше на подалечната статива.
Како Кариус и Музумбо да се натпреваруваа кој ќе направи поголема глупост…






