среда, 11 март 2026

Капитенот на Тотнем му сугерира на Тудор да го смени младиот голман? (ВИДЕО)

Тренерот на Тотнем, Игор Тудор, се најде под силен притисок поради раната измена на голманот Антонин Кински на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Лондонскиот тим прими три гола за само 15 минути, од кои два дојдоа по грешка на младиот голман. Веднаш по третиот погодок капитенот Кристијан Ромеро имаше краток разговор со својот тренер. По таа комуникација Тудор се сврте кон клупата и со гестикулација побара измена.

Според дел од јавноста смета дека токму Ромеро му сугерирал на тренерот дека Кински е психолошки разнишан по двете големи грешки и дека треба да биде заменет. Сепак, дефанзивецот беше и првиот кој му пријде на младиот голман за да му даде поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ