среда, 10 декември 2025

Капитенот на Леванте „удри“ по Винисиус: Страшен играч, ама тежок провокатор

Капитенот на Леванте, Унаи Елгезбал имаше многу критики за однесувањето на Винисиус Жуниор на синоќешниот натпревар кој Реал Мадрид го доби со 1-4.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ стигнаа до шест од шест во Ла Лига откако вчера лесно победија на гостувањето кај Леванте.

Играч на натпреварот беше Винисиус Жуниор, Бразилецот постигна гол, забележа асистенција а беше прилично инволвиран и во фазата на одбрана.

Но по крајот на натпреварот тој доби многу критики од капитенот на Леванте.

„Не сакам да додавам масло во огнот, но кога некој ќе покаже непочитување, не само кон мене, туку и кон мојот тим и нашите навивачи, но кога е се поминат сите граници, мора да се каже – доста е“ – вели Унаи Елгезабал.

„Тој е страшен играч со огромен потенцијал, но во одредени ситуации е голем провокатор“.

„Според мене, неговото однесување не беше примерно, не сакам да му давам повеќе значење отколку што треба, но ќе ги бранам моите луѓе“.

Капитенот на Леванте имаше судир со Винисус Жуниор по пеналот за Реал Мадрид, Бразилецот нешто му дофрли на својот противник и му стави рака во лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ