сабота, 13 декември 2025

Капинковски: Оваа генерација на Македонија има потенцијал за добри резултати

Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години, во изминатите неколку дена имаше подготовки во Струмица на кои одигра и два пријателски натпревари со Црна Гора. Македонија победи на двата меча со по 21.

Фото: ФФМ

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Димитар Капинковски е презадоволен од прикажаното на неговите избраници.

„Овие натпревари ги искористивме за воигрување на екипата бидејќи следната година не очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство. За мечевите против Црна Гора сметав на 25 играчи и сите добија шанса што за мене и стручниот штаб беше одлична можност да видиме со каков потенцијал располагаме и на што треба да посветиме посебно внимание за можеме да бележиме напредок во следните натпревари”, изјави селекторот Димитар Капинковски.

„Сите фудбалери максимално ја искористија можноста да тренираат заедно во овие неколку дена. Задоволен сум од нивната посветеност на тренинзите, но и залагањето на теренот како и исполнување на сите задачи што ги имаа добиено пред почетокот на натпреварите. Сметам дека во оваа генерација има голем потенцијал и доколку продолжат и во иднина да работат со овој интензитет, но и со поддршка од клубовите може да се очекуваат добри резултати”, продолжи предводникот на националниот тим до 18 години.

Оваа генерација на почетокот од следната година ги очекува силен квалификациски турнир што ќе биде голем предизвик за оваа талентирана група на фудбалери.

„Целосно сме фокусирани кон квалификациите што ќе се одржат во март следната година. Покрај домаќинот Холандија, противници ни се уште Фарски Острови и Молдавија. До одржувањето на турнирот ќе се обидеме да организираме уште еден собир и да одиграме уште некој контролен натпревар, кој ќе ни послужи за подобра подготовка пред главниот предизвик кој не очекува во март”, заврши Капинковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ