Поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Англија, во разговор со Марка отворено кажа што мисли за денешните стандарди и грешките кои се прават и покрај тоа што судиите на помош ја имаат видео технологијата.
„Судиите се мафија“, шокантно порача Фабио Капело. „Тие не сакаат поранешни фудбалери да бидат инволвирани во ВАР, а токму тие најдобро знаат што се случува на теренот“.
„Судиите многу пати носат погрешни одлуки само поради тоа што никогаш не играле фудбал“.
„Фудбалер ќе биде допрен во лицето и веднаш ќе се фрли на тревата, а судијата нормално ќе досуди прекршок“.
„Но зошто да свирнете? Ако јас сум висок 1,90 метри, а противникот е 1,75 метри, мојата рака е на висина на неговото лице. Па зошто свирите фаул? Ваквите ситуации ме излудуваат“.
Тој потоа направи споредба помеѓу „случајот Негреира“ и скандалот „Калчополи“.
„Јувентус не исплаќаше милионски суми, но и покрај тоа беше испратен во Серија Б. Во Шпанија ништо не се случува, во Италија веднаш беше преземена акција“.






