Португалскиот како и многумина тргна на печалба во Саудиска Арабија, но тој е уште еден од оние кои видоа дека петродоларите не се она што ги прави среќни.
„Сонувам повторно да заиграм за голем европски клуб. Имам уште една година од договорот со Ал Хилал, но отворен сум за нова авантура“, вели Кансело.
Тој игра одлично, професионално си го одработува договорот, во 43 натпревари за Ал Хилал даде два гола и има 13 асистенции, што е многу солидна статистика за бек.
Фото: ЕПА






