четврток, 8 мај 2025

Канаваро доби отказ од Динамо по само 100 дена, Ристовски и Адеми добиваат четврти тренер

Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе ја завршат сезоната со четврти тренер, „сините“ решија да му дадат отказ на Фабио Канаваро.

Објавено на

часот

Сподели

Тешкиот пораз од 3-0 на гостувањето кај Истра му пресуди на Фабио Канаваро, стратегот доби отказ од Динамо Загреб по само 100 дена.

„Фабио Канаваро повеќе не е тренер на првиот тим на Динамо. Тој беше на клупата на клубот од Максимир нешто повеќе од три месеци и ги предводеше „сините“ на 14 натпревари и три контролни меча. Му се заблагодаруваме на посветеноста и трудот кој го вложи, и му посакуваме многу среќа во следната етапа од кариерата“ – гласеше известувањето.

Легендарниот Италијанец седна на клупата на Динамо Загреб на крајот од минатата година, но не успеа да ги подобри резултатите, забележа скор од 7 победи, 5 порази и два нерешени резултати.

По ваквата одлука, нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе добијат четврти тренер, откако сезоната ја започнаа со Сергеј Јакировиќ, потоа во септември дојде Ненад Бјелица, а во декември Фабио Канаваро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ