понеделник, 14 јули 2025
Драматичен финиш на трката

Камиказа потег на Норис можеше скапо да го чини Мекларен, Расел победи во Канада (ВИДЕО)

Џорџ Расел се радува на победа на ГН на Канада која можеше да се покаже како кобна за Мекларен откако дојде до судар помеѓу Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Објавено на

часот

Сподели

Мекларен нема прв возач, Оскар Пјастри и Ландо Норис имаат одврзани раце за борба, но сигурно ова ќе се промени во иднина.

На денешната ГН на Канада дојде до судар, кој за среќа од игра го исфрли само Ландо Норис додека пак Оскар Пјастри успеа да ја заврши трката и да финишира како четврти.

Драмата се случи на четири круга пред крајот, кога Ландо Норис очигледно беше побрз од својот тимски колега, но упорно реши да претекнува онаму каде што немаше простор, па се заби во задниот дел на Оскар Пјастри и заврши во заштитната ограда.

Па Џорџ Расел победи под безбедносно возило, Макс Верстапен финишираше како втор а последното место на пиедесталот му припадна на младиот Кими Антонели.

Во бодови денес уште завршија Леклер, Хамилтон, Алонсо, Хулкенберг, Окон и Саинц.

ФОТО: X/Formula 1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ