среда, 28 јануари 2026

Какво лудило: Голманот со гол во 98. минута ја одведе Бенфика на Мурињо до плеј-оф во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалско чудо се случи на „Да Луж“ во Лисабон, каде што Бенфика на Жозе Мурињо со гол во 98. минута стигна до плеј-оф место во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Бенфика водеше во финишот против Реал Мадрид со 3-2, меѓутоа тимот не се откажа и во долгото судиско продолжение бркаше уште еден гол кој за нив значеше „живот“.

Херој на натпреварот беше голманот Анатоли Трубин. Тој по нафрлување од Аурснес од слободен удар во 98. минута со глава даде гол.

Со оваа победа Бенфика стекна подобра гол-разлика и го мина Олимпик Марсеј на табелата, па од 24. позиција ќе оди во плеј-офот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ