недела, 14 декември 2025

Какви херои: Радмила, Катерина и Жикица истрчаа 330км низ Алпите! (ВИДЕО)

Македонските ултрамаратонци, Радмила Јованова, Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски ја минаа една од најтешките трки во светот „Tor de Geants“ (Трката на џиновите) која се трча низ Алпите во должина од 330 километри.

Објавено на

часот

Сподели

„Tor des Géants“ е една од најпознатите и најтешките ултрамаратонски трки низ светот. Се одржува во регионот Вал д’Аоста во Италија, во Алпите, покрај границата со Франција и Швајцарија.

Должината на трката е 330 километри, со 26.000 метри висинска разлика. Натпреварувачите имаат времнски лимит да ја завршат за 150 часа (околу 6 и пол дена). Се трча дење и ноќе, а учесниците сами одлучуваат кога и колку ќе одмораат. Патеката минува низ спектакуларни алпски предели, преку повеќе од 30 планински премини високи над 2.000 метри. Трката е комбинација на екстремна издржливост, планинарење и психичка сила.

На овогодинешното издание учество земаа тројца македонски ултрамаратонци и сите ја завршија успешно.

Прв целта ја мина Жикица Ивановски кој 330. километри ги мина за време од 108 часа, 59 минути и 40 секунди и заврши како 126. во светска конкуренција.

Следна беше Катерина Шиповиќ која трката ја мина за 129 часа, 42 минути и 30 секунди. Беше 385. место.

Радмила Јованова 330 километри мина за 141 час, 10 минути и 43 секунди, завршувајќи на 539. место во елитата на ултрамаратонците од целиот свет.

Ова е голем, огромен подвиг за тројцата македонски ултрамаратонци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ