Младиот напаѓач на Реал ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. За него сезоната е готова и јасно е дека освен тоа што нема да игра за „кралевите“, ќе го скокне и Светското првенство. Доколку биде опериран, а тоа е веројатно неминовно, Бразилецот се очекува да се врати следната сезона.
Тешката повреда Родриго ја здоби на натпреварот против Хетафе (0-1). Само неколку минути откако влезе во игра Бразилецот незгодно падна и имаше неприродно движење на коленото.
Иако имаше видлива болка, Родриго го доврши натпреварот. Потоа ден по натпреварот лекарите открија катастрофални вести.






