петок, 5 декември 2025

Каков меч за Димитриевски: Одбрани пенал во 119. минута, па Валенсија постигна гол за победа (ВИДЕО)

Eкипата на Валенсија се намачи и дури по 120 минути фудбал успеа да слави над второлигашот Картагена со 2-1, a вистински херој беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините први дојдоа до водство кога Димитриевски беше совладан од Ортуно, па така на паузата Картагена замиина со водство од 1-0.

Водството за домашниот состав беше актуелно се до 80-тата минута кога Белтран се погрижи за израмнување.

Натпреварот беше решен дури во 121 минута кога Васкез погоди за 2-1, но тој гол дојде откако претходно Димитриевски го одбрани пеналот на Санчез и така го сочува својот гол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ