Во двете екипи имаше ветерани, видни личности од други спортови, од естрадата, фудбалерки сегашни и поранешни…
Беа собрани 18 милиони евра кои беа уплатени на сметката на УНИЦЕФ, а овој меч немаше да биде толку распространет на социјалните мрежи доколку не се случеше еден старт на Бонучи врз фудбалерка.
Италијанскиот фудбалер како да заборави дека се работи за хуманитарен меч, а во противничкиот тим има и жени, па на една фудбалерка ѝ влезе со лизгачки старт да ја земе топката.
Bonucci 😂
pic.twitter.com/aHGI1ClqIs— Italy Focus 🇮🇹 (@theitalyfocus) June 15, 2025
Стартот беше исклучително остар, ја покоси фудбалерката, но беше на топка, па не беше досуден фаул. Бонучи за овој непромислен потег доби свирежи од публиката.