понеделник, 8 декември 2025

Јувентус се заинтересира за македонска фудбалерка!

Италијанскиот гигант, Јувентус е силно заинтересиран за македонската фудбалерка Меланија Грозданова која важи за еден од најголемите таленти во Европа на нејзина возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Веста за Меланија Грозданова која има само 16 години ја соопшти познатиот новинар Руди Галети.

„Висока и технички одлично подготвена остав впечаток на фудбалерка која ги има сите квалитети за да стане големо име во европскиот фудбал. Јувентус внимателно ја следи и верува дека совршено би се вклопила во целиот проект“, пишува Галети.

Грозданова настапува за Љуботен за кого оваа сезона постигна осум голови, а игра и за најдобрата македонска репрезентација.

Таа игра на крилната позиција, а со нејзиниот напредок почна да ги импресионира и најдобрите клубови. Засега Јувентус е прв во редот за нејзиниот потпис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ