недела, 15 јуни 2025
Тренерот ги освои срцата на навивачите

Јунајтед повлече уште еден непопуларен чекор, па Аморим направи потег за почит

Манчестер јунајтед повлече уште еден непопуларен чекор и реши на вработените да не им обезбеди бесплатни билети за финалето во Лига Европа, па на сцена стапи тренерот Рубен Аморим кој од свој џеб ќе плати за 30 луѓе од персоналот да го гледаат натпреварот против Тотнем на Сан Мамеш во Билбао.

Објавено на

часот

Сподели

Сер Џим Ратклиф и неговите соработници удрија на кратење оваа година, па клубот од Олд Трафорд сега повлече уште еден непопуларен потег и одби да обезбеди бесплатни билети за вработените за финалето во Лига Европа, најголемиот натпревар на Манчестер јунајтед оваа сезона.

По ваквата одлука на раководството, на сцена стапил Рубен Аморим, кој од сопствен џеб ќе плати за околу 30 вработени од неговиот тренерски персонал, физиотерапевти и помош персонал во живо да го следат натпреварот на Сан Мамеш во Билбао.

Секој од овие 30 вработени со себе ќе може да поднесе уште двајца пријатели или лица од семејството.

Рубен Аморим на овој начин сака да им се заблагодари за придонесот во овие тешки шест месеци за Португалецот на кормилото на „ѓаволите“.

За разлика од политиката на штедење која ја применува Манчестер јунајтед, ПСЖ реши да плати билет за сите 600 вработени да го следат финалето против Интер во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ