Минесота победи со 140-139 по две продолженија, а финишот беше исклучително возбудлив.
Никола Јокиќ постигна рекорд на кариерата, даде 61 поен, имаше и 10 скока и 10 асистенции.
Но, расположението му го расипа Расел Вестбрук кој при водство на Денвер од 139-138 промаши чисто положување за да го однесе тимот на +3 разлика. Останаа уште неколку секунди, Александер-Вокер со истекот на времето шутираше за тројка, промаши, но кошаркарите на Денвер направија лична грешка врз него. Па тој реализираше две од трите слободни фрлања, а третото намерно го промаши за да истече и таа 0,1 секунда. Минесота победи со 140-139.
Russell Westbrook steal
Russell Westbrook missed layup
Russell Westbrook foul on a 3PANickeil Alexander-Walker sinks two FTs to win in 2OT.pic.twitter.com/3xJLjEOuLp
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) April 2, 2025
Тоа е четврта победа по ред и шеста на последните седум меча за Минесота против Денвер. Не е исклучено овие две екипи да се сретнат и во првата рунда од плејофот бидејќи Денвер во моментов е трет, а Минесота седмопласирана, со идентичен биланс (44/32) како Мемфис кој е шести.
Кај Вулфс на овој меч се истакнаа Едвардс со 34 и Рендл со 26 поени. Покрај Јокиќ, во тимот на Денвер, Гордон постигна 30 поени.
Резултати:
Атланта – Портланд 113-127
Милвоки – Феникс 133-123
Њујорк – Филаделфија 105-91
Чикаго – Торонто 137-118
Мемфис – Голден Стејт 125-134
Сан Антонио – Орландо 105-116
Денвер – Минесота 139-140