вторник, 1 април 2025
Србинот утрово испиша нова историја

Јокиќ погоди со една рака преку цел терен, Денвер убедлив против Јута (ВИДЕО)

Денвер забележа убедлива победа од 129-93 во пресметката против Јута, Никола Јокиќ ја „запали“ НБА со тројка со една рака преку цел терен, плус надмина еден рекорд на легендарниот Лери Бирд.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ утрово испиша нова историја во победата на Денвер против Јута од убедливи 129-93.

Србинот, и покрај тоа што ја преседе последната четвртина, натпреварот го заврши со 27 поени, 14 скока и 6 асистенции.

Со ваквиот учинок, тој ја надмина бројката од 16.000 поени, па со досегашните 8.000+ скокови и 5.000+ асистенции, го надмина рекордот на легендарниот Лери Брд и стана играчот кој најбрзо стигнал до вакво постигнување (739 натпревари).

Покрај рекордот, Никола Јокиќ ја „запали“ НБА и со луд кош, погоди со една рака преку цел терен.

НБА резултати:

Детроит – Кливленд 133:122
Бруклин – Л.А Клиперс 100:132
Торонто – Шарлот 108:97
Милвоки – Њујорк 107:116
Минесота – Фeникс 124:109
Њу Орлеанс – Голден стејт 95:111
Денвер – Јута 129:93

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ