вторник, 10 јуни 2025

Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија, но знае дека ќе испие многу пиво

Денвер вчера доживеа елиминација откако ја загуби мајсторката кај Оклахома, Никола Јокиќ сега е слободен па вели дека следуваат денови за пиво.

Објавено на

часот

Сподели

Никогаш не се знае со Јокиќ кога се во прашање настапите за Србија. Лани настапи на Олимписките игри и беше еден од најдобрите, но претходната година не беше дел од Светското првенство.

Сега на програмата е Европското првенство, а ако Јокиќ игра Србија може да цели на златото, но тој не е сигурен дали ќе настапи.

„Мислам дека Олимписките игри ме направија уште подобар. Играв за својата земја, со други соиграчи, под поинакви правила и тоа ме направи подобар кошаркар. Доаѓа Еуробаскетот, морам да донесам одлука околу тоа, треба да разговарам со тренерите и главните играчи во репрезентацијата. Ќе видиме, но знам дека во следните денови ќе испијам многу пиво“, рече Јокиќ.

Србија на Европското првенство е во група со Летонија, Турција, Естонија, Чешка и Португалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ