Оклахома беше фаворит и во овој натпревар, многумина очекуваа дека тие во овој меч ќе си ја завршат работата, но така не мислеа Јокиќ и дружината.
Оклахома водеше по првото полувреме, имаше предност од 61-58, но работите се променија во третиот период кој беше и клучен. Тие 12 минути Денвер ги доби со 32-21. На крајот славеше со 119-107.
Најдобар во составот на Денвер беше Никола Јокиќ кој постигна 29 поени, а имаше и 14 скокови, две асистенции му фалеа за трипл-дабл. Србинот овојпат имаше поддршка од своите соиграчи, Мареј постигна 25 поени, Браун реализираше 23 поени, а имаше и 11 скокови. Најефикасен кај Оклахома беше нивната главна ѕвезда, Гилџус Александер со 32 поени.
Домаќин на мајсторката ќе биде Оклахома.