понеделник, 16 февруари 2026

Јокиќ и Дончиќ не се „палат“ на Ол-стар, новите американски ѕвезди победија (ВИДЕО)

Новите НБА ѕвезди, тимот на „САД Старс“ победи на Ол-стар викендот откако најпрво го победи тимот на „Светот“, а потоа триумфираа и против ветераните предводени од Леброн Џејмс, односно тимот „Страјпс“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ на секој Ол-стар, без исклучок не се истакнуваат, напротив, гледаат да се шегуваат и да се одморат, па така беше и сега.

Во тимот на „Светот“, Јокиќ не постигна ниту еден поен, имаше само два скока, а Дончиќ даде два поени и имаше две асистенции.

„Светот“ по продолженија загуби од тим „Старс“ со 35-37. Во меч во кој Вембањама постигна 14 поени за светот, а Едвардс беше најдобар кај ѕвездтите со 13 поени.

Следуваше дуелот меѓу „Страјпс“ и „Старс“ кој го дбија ветераните со 42-40, а најдефикасен беше Браун со 11 кај нив, во тимот на ѕвездите Канингем и Едвардс постигнаа исто така по 11.

„Страјпс“ го победија „Светот“ со 48-45. Ленард даде дури 31 поен, а во тимот на светот Вембањама повторно беше најдобар со 19 поени. Јокиќ и Дончиќ не ни играа на овој дуел.

По двата порази „Светот“ отпадна, па во финалето играа „Страјпс“ и „Старс“, ѕвездите победија убедливо со 47-21. Максеј со девет беше најефикасен, кај ветераните Мичел постигна шест поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ