сабота, 21 февруари 2026

Јокиќ го предводеше Денвер до историска победа (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен меч, а Денвер го победи Портланд и тоа на негов терен со неверојатни 157-103. Тоа се најмногу постигнати поени на гостински терен во историјата на овој клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ мечот го заврши со 32 поени, имаше девет скокови, седум асистенции и четири украдени топки. Сето тоа го оствари за помалку од половина час. Во првата четвртина Србинот постигна 19 поени, и сигурно ќе дојдеше до нов трипл-дабл доколку тренерот Дејвид Аделман не одлучеше да го одмора во последниот период.

Дури седум играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени во рекордната победа. Покрај Јокиќ, треба да се издвојат и Џамал Мареј кој постигна 25 поени, како и Хардавеј и Строутер со по 19. Најефикасен кај Портланд беше Холидеј исто така со 19 поени.

Во дури три од четирите четвртини Денвер постигнуваше над 40 поени, Нагетс го одиграа најефикасниот гостински меч во својата историја.

Ова беше и најефикасната партија на еден тим оваа сезона во НБА.

Резултати:

Шарлот – Кливленд 113-118
Мемфис – Јута 123-114
Вашингтон – Индијана 131-118
Атланта – Мајами 97-128
Минесота – Далас 122-111
Њу Орлеанс – Милвоки 118-139
Оклахма – Бруклин 105-86
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125-122
Портланд – Денвер 103-157

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ