Најдобриот кошаркар во последните години, Никола Јокиќ вчера немаше свој ден. Постигна 17 поени, имаше осум скокови и шест асистенции. Вака статистиката и не изгледа катастрофално, но не е така како што изгледа.
Јокиќ шутираше 6/16 од игра, беше надигран од противничките центри, губеше топки, беше многу нервозен бидејќи ништо не му одеше од рака. Беше исклучен во текот на третата четвртина поради шест лични грешки.
Колку навистина беше лош, говори статистичката категорија +/- што кај него изнесуваше -36. Тоа е негов најлош ефект во кариерата, сметајќи ги натпреварите и во основниот дел од сезоната и од плејофот.
Nikola Jokic was -36 tonight.
The lowest plus/minus of his career. pic.twitter.com/DwExS7Z16L
— StatMuse (@statmuse) May 8, 2025