петок, 19 декември 2025

Јокиќ го мина Џабар и испиша историја во НБА лигата

Денвер го победи Орландо со 126-115, но она за кое се зборува по овој меч е рекордот на Никола Јокиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата. Српскиот кошаркар го заврши мечот со 23 поени, 11 скокови и 13 асистенции, запишувајќи уште еден трипл-дабл.

За него тоа беа вкупно 5.667 асистенција, со што го мина Карим Абдул-Џабар на вечната листа по број на асистенции направени од играчи кои играат на центарската позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ