И српскиот кошаркар и турскиот забележаа трипл-дабл на овој натпревар потврдувајќи дека се едни од најдобите во НБА лигата во овој момент.
За Јокиќ тоа беше 12 трипл-дабл оваа сезона, тој постигна 39 поени, имаше 15 скокови и 10 асистенции. Турчинот дојде до својот прв трипл-дабл со 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Во последните 100 секунди имаше дури четири промени на водството и двете екипи пропуштија шанси да победа. Тензијата достигна кулминација кога Амен Томпсон направи прекршок без топка врз Џамал Мареј, кој потоа погоди слободно фрлање на 2,3 секунди до крајот за израмнување на резултатот. Денвер го задржа поседот, но обидот на Јокиќ да погоди од врвот на рекетот беше непрецизен, па натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните пет минути, Нагетс отидоа на 124-117 по тројката на Спенсер Џонс, но упорните Рокитс се вратија и имаа напад за израмнување на резултатот. Сепак, Шенѓун промаши тешка тројка од повеќе од седум метри на 4,9 секунди до крајот, што му овозможи на Денвер да ја прослави петтата победа во низа и прва на домашен терен од 8 ноември.
Резултати:
Бостон – Детроит 105-112
Мајами – Торонто 96-106
Јута – Далас 140-133
Денвер – Хјустон 128-125
ЛА Клиперс – Мемфис 103-121






