четврток, 12 март 2026

Јокиќ дојде до 25. трипл-дабл оваа сезона, Денвер го растури Хјустон

По двата пораза во низа, од Њујорк и Оклахома, Денвер Нагетс оствари исклучително важна победа, против директниот ривал за третото место на Западот, Хјустон Рокитс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако се очекуваше дерби и неизвесен дуел, Денвер го растури противникот со 129-93, пред се поради подобрата игра во второто полувреме кое го доби со 76-46. Блескаше Џамал Мареј кој постигна 30 поени, додека Никола Јокиќ го оствари 25. трипл дабл во сезоната, со 16 поени, 13 асистенции и 12 скока.

Интересно е тоа што домаќините ги имаа најдобрите четворица стрелци на овој натпревар, а зад нив остана првиот играч на Хјустон, Томпсон кој постигна 16 поени.

Со овој триумф, Денвер се израмни со Хјустон, Лејкерс и Минесота со по 40 победи, но моментно е на делба на петтата позиција на Западот, со Минесота. До крајот на основниот дел од сезоната остануваат уште 16-17 натпревари, а во следниот меч Нагетс имааат тешко гостување кај Сан Антонио.

Резултати

Орландо – Кливленд 128-122
Њу Орлеанс – Торонто 122-111
Јута – Њујорк 117-134
Денвер – Хјустон 129-93
Сакраменто – Шарлот 109-117
ЛА Клиперс – Минесота 153-128

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ