недела, 7 декември 2025

Јокиќ без промашување го предводеше Денвер до победа во Феникс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер со убедливи 130-112 победија на гостувањето кај Феникс, а главен и овојпат беше Никола Јокиќ кој постигна најмногу поени, а немаше промашување од игра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ одигра совршен натпревар, не промаши ниту еднен шут од игра, имаше 5 од 5 за два поени и 2 од 2 за три поени, додека од линијата за слободни фрлања погоди 10 пати од 11 обиди. Вкупно постигна 26 поени, имаше 10 асистенции и девет скока.

Одличен беше и Џамал Мареј со 24 поени, како и Тим Хардавеј Јуниор со 23. Во составот на Феникс, Брукс постигна 27 поени, Девин Букер имаше 24.

Резултати:

Минесота – Бостон 119-115
Шарлот – Торонто 118-111
Индијана – Чикаго 103-101
Мајами – Детроит 135-138
Милвоки – Бруклин 116-99
Голден стејт – Њу Орлеанс 104-96
Феникс – Денвер 112-130
ЛА Клиперс – Далас 110-114

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ