четврток, 9 април 2026

Јасухира се врати во Македонија, ќе игра за Охрид до крајот на сезоната

Поранешниот ракометар на Вардар, импресивниот Јапонец, Косуке Јасухира, стави потпис на договор со Охрид до крајот на сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Јасухира во Охрид ќе игра како позајмен ракометар и ќе се обиде да му помогне на македонскиот тим за подобар финиш на сезоната.

„Косуке Јасухира е нов играч на ГРК Охрид за оваа сезона!
Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на Клубот!
Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек и има 25 години“, стои во соопштението на ГРК Охрид.

Јапонскиот ракометар е пресреќен што повторно ќе игра во Македонија.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Косуке по потписот на договорот.

Охрид се бори на три фронта, домашното првенство, купот и ЕХФ Европскиот куп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ