Бранителот на титулата, Јанта Волеј КВ благодарение на подобриот сет-количник се најде во полуфиналето. Одбојкарките на Јанта славеа со 3:1 во првиот меч, додека во реваншот попладнево пред својата публика загубија со 2:3 (21:25, 25:23, 25:17, 20:25, 13:15) од Газели Волеј. Подобриот сет-количник (5:4) значеше и пласман на актуелниот шампион меѓу „четворката“.
Работнички Скопје е последниот патник во полуфиналето на плејофот, откако и во реванш дуелот од четвртфиналната фаза со ист резултат како и на првиот меч во Битола, 3:1 (22:25, 25:16, 25:23, 25:14) го победи Пелистер Волеј.
Во полуфиналето Јанта Волеј КВ ќе се соочи со лидерот на прволигашката табелата Наковски Волеј, додека Младост УГД ќе му биде противник на Работнички Скопје во продолжението.
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, а првиот меч е предвиден за 17 април, на теренот на подобро пласираната екипа, односно Наковски Волеј ќе го пречека Јанта Волеј КВ, додека и Младост УГД и Работнички Скопје ќе се соочат во Штип.






