По одличниот успех со пласманот до последната пречка за влез во главната фаза од Лигата на шампионите, Јанта Волеј сега се соочи со поголем отпор против францускиот противник Ле Кане.
Одбојкарките на францускиот тим денеска беа доминантни во салата „Јане Сандански“ во трите сета кои ги добија, а Јанта Волеј одигра еден сет во кој изгледаше подобро од противникот.
Првиот сет Французинките го земаа со 25-15, во вториот беа подобри со 25-10 и се чинеше дека мечот ќе заврши во три сета, но одбојкарките на Јанта Волеј не се предадоа лесно, го добија наредниот сет со 25-20 и намалија на 1-2.
Сепак во следниот сет одбојкарките на Ле Кане го кренаа нивото, го добија сетот со 25-9 и со голема победа си заминаа од Скопје.
Денеска во европа играше и тимот на Работнички кој беше немоќен против Рае СК во ЦЕВ Купот. Македонскиот тим загуби со 15-25, 24-26 и 18-25 .






