Љубителите на македонскиот фудбал можеа да видат натпревар над нашето ниво, фудбалерите на Вардар и Струга создадоа повеќе шанси, постигнаа и четири гола.
Струга дојде во водство со гол на Шабани уште во 19. минута. Со 1-0 за гостите се замина на одморот.
По десет минути игра во вториот дел Вардар доби пенал, но Мато не го реализираше. Сепак само пет минути подоцна тој постигна фантастичен погодок и израмни на 1-1.
Ваквиот резултат траеше кратко, Струга преку Кампаоре го врати водството, поведе со 2-1.
Во 90. минута Малески имаше зицер за да ја завери победата на Струга, излезе сам пред голманот Талески но биеше крај голот.
Веднаш потоа стигна казната, Јанкулов постигна гол за конечни 2-2.
Со ова реми Струга го задржа врвот, има 22 бода, Вардар е втор со 21, Шкендија е трета со 20, но тетовскиот тим има и натпревар помалку.






