Вардар и Македонија Ѓорче Петров одиграа неинтересен натпревар со малку шанси за гол кој го реши една грешка.
Клучниот момент се случи во 52. минута кога голманот Јанков испушти една топка, на неа налета Азер Омерагиќ кој ја смести во голот за водство на Вардар од 1-0.
Вардар продолжи да напаѓа, Македонија Ѓорче Петров се разбуди дури во финишот, но не успеа да го изедначи резултатот. Трите бода отидоа на контото на црвено црните.
Во следната рунда Вардар ќе гостува кај Арсими, а Македонија Ѓорче Петров е домаќин на Брера. Вардарци барем привремено ќе бидат лидер на табелата бидејќи имаат 13 бода, по еден повеќе од Силекс и Струга.






