недела, 14 декември 2025

Јанис Сферопулос веќе не е тренер на Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда потврди дека се разделува со досегашниот тренер, грчкиот стратег Јанис Сфероулос.

Објавено на

часот

Сподели

По лошиот старт на сезоната, три последователни порази, раководството на Црвена звезда се реши за тренерска промена.

„По заедничкиот состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот менаџер за спортскиот сектор Милан Томиќ, менаџментот на клубот и досегашниот тренер Јанис Сферопулос, донесена е одлука господинот Сферопулос повеќе да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим на нашиот клуб“, стои во соопштението на Црвена звезда.

Се очекува српскиот клуб наскоро да го објави името на новиот тренер, како најголем фаворит се посочуваше Саша Обрадовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ