вторник, 24 март 2026

Јана Атанасовска постави нов македонски рекорд во Словенија

Македонската скијачка, Јана Атанасовска имаше уште еден историски викенд на ФИС трките во Рогла, Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

На првиот велеслалом, Јана покажа врвна форма и го освои високото 4то место. Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош. Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 FIS точки, што претставува нов македонски рекорд во дисциплина велеслалом.

Успешната серија продолжи и на втората трка, каде во силна конкуренција Јана се пласира на 7та позиција со освоени 39,99 FIS точки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ