Атанасовска не успеа да ја заврши трката и излета од патеката по околу 22 секунди во првото возење. На првата делница каде што се мери времето таа имаше заостанок од 1,45 секунди зад водечката скијачка во тој момент.
Сепак, поради излетувањето и фактот дека не ја заврши трката Атанасовска остана без шанса за настап во втората трка.
За Атанасовска ова не беше последен настап на ЗОИ, бидејќи на 18 февруари е пријавена за настап во категоријата слалом.






