Младата скијачка не успеа да ја заврши трката ниту во најтехничката дисциплина во овој спорт. Атанасовска по неколку „капии“ загуби контрола и излета од патеката. Со тоа таа ја загуби можност за настап на втората трка во оваа конкуренција.
Претходно Атанасовска настапи и на трката во велеслалом, но и тогаш не успеа да забележи време.
Наши олимпијци на овие игри претходно беа уште Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска.






