четврток, 5 февруари 2026

Јана Атанасовска и Ставре Јада ќе го носат македонското знаме на отворањето на ЗОИ

Утре (петок) со почеток од 20 часот ќе почне отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кое ќе се случува на стадионот Сан Сиро во Милано, но и на други локации, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги одреди знаменосците.

Објавено на

часот

Сподели

Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо ќе го носат македонското знаме.

„Македонската Олимписка делегација е подготвена за нови спортски докажувања на меѓународна сцена. Четири натпреварувачи, шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски како Шеф на делегацијата, попладнево пристигна во Милано.
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано во петок, 6 февруари, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Ќе започне во 20:00 часот по локално време.
Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.
ТВ пренос во живо ќе врши Македонската Радио Телевизија, а за точните термини од настапите на нашите натпреварувачи, како и за сите други вести директно од терените ќе објавуваме на нашиот веб сајт како и на социјалните мрежи на МОК“, информираат од МОК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ