Барселона со 2-1 го победи Албасете, Јамал го даде првиот гол на мечот. Но, во сенка на неговата игра беа навредите кои ги доби.
За време на натпреварот навивачите на Албасете му скандираа: „Ти не си Шпанец“ и „Твојот татко е пијаница“.
Ѕвездата на Барселона и Шпанија се вика Ламине Јамал Насрауи Ебана. Неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја, а неговиот татко е од Мароко. Јамал е од муслиманска вероисповед.
Оној на кого му викаат дека не е Шпанец одиграл 23 натпревари за шпанската репрезентација, постигнувајќи шест гола и 12 асистенции. Јамал беше одличен за Шпанија во летото 2024 година, кога ја предводеше до титулата на Европското првенство со еден гол и четири асистенции на турнирот.






