недела, 1 март 2026

Јакимовски: Проблемите со Луксембург беа нормални, можеме до победа над Азербејџан

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе се судри со Азербејџан во натпревар од претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Репрезентативниот камп веќе е сместен во Баку и кошаркарите се подготвуваат за предизвикот. Пред мечот своите очекувања ги сподели Андреј Јакимовски.

Игравме со нив дома, знаеме какви играчи има, каква репрезентација е. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Јасно ни е на сите дека имавме краток временски период за подготовка, но сепак мислам дека можеме да одиграме добро и да се вратиме со победа. Против Луксембург во нападот имавме одредени проблеми, но мислам дека тоа е нормално, бидејќи имавме само неколку тренинзи со новиот селектор. Тој си има свој систем и начин на работа, но невозможно е за само четири дена сето тоа да профункционира“, изјави Јакимовски.

Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија се игра в понеделник во терминот од 17:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ