РФМ потенцира дека се работи за повреда на Јагуриновски и тоа е причината што тој нема да игра. Селекторот Лазаров во вторник ќе го објави конечниот список.
„Ве информираме дека ракометарот Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година, поради повреда и истиот отпадна од списокот.
По одлука на селекторот Кирил Лазаров, конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство ќе биде познат и официјално споделен со јавноста во вторник, во претпладневните часови“, се вели во соопштението на РФМ.






