Проблемите за селекторот Кире Лазаров се зголемуваат бидејќи ова е веќе четврти ракометар кој ќе паузира подолго.
Јагуриноски се повредил на меч за новиот клуб, германскиот второлигаш Десау Рослер кога за време на натпревар бил турнат и незгодно паднал на грбот.
Германскиот клуб соопшти дека станува збор за посериозна повреда, но засега нема информации колку точно ќе биде надвор од терено.
Надвор од терените поради повреди се уште тројца репрезентативци, Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски.
Тие би требало да бидат фит за Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Данска, но нејасно е колку ќе можат да влезат во натпреварувачка форма.
Фото: РФМ






