вторник, 24 февруари 2026

Изненадувања во Купот: Охрид го шокира Вардар, Работнички пак испадна од ист ривал (ВИДЕО)

Двете второлигашки екипи ги исфрлија прволигашите во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Охрид приредија сензација во Купот на Македонија, откако во четвртфиналето го исфрлија скопски Вардар по подобро изведување на пеналите 1-1 (2-4).

Охриѓани беа пред пораз и елиминација, бидејќи Бобан Николов донесе водство за вардарци по еден час игра (1-0). Сепак, во првата дополнителна минута Дамјан Матески погоди за израмнување на 1-1 и неговиот тим се избори за пенал-рулет. Во пеналите голманите Давор Талески и Дамјан Серафимов фатија по еден пенал на стартот, а потоа следуваа пет гола. Сепак, голманот на Охрид го одбрани и лошиот удар на Данев, па Дарко Илиески изведе сигурен пенал за 2-4 и историско полуфинале.

Уште еден второлигаш исфрли прволигаш, бидејќи Шкендија Арачиново втора година во низа го исфрли Работнички од Купот (3-1). Дарио Десниќ го отвори резултатот на теренот во Куманово (1-0), а потоа Пејовиќ од таборот на скопјани доби црвен картон. Николче Шаркоски успеа да удвои, пред Демири да намали на 2-1. Сепак, точка на победата стави Назифи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ