Првиот сет помина без брејк, во осмиот гем при водство на Емери, Ивановски спаси четири брејк топки. Сетот отиде во тајбрејк, а во него Македонецот имаше сет топка, сепак Французинот го доби со 8-6 во поени.
Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3-2 во гемови што се покажа како решавачко, притоа во 10. гем на сервис на Емери се водеше голема борба Ивановски спаси две меч топки, а и не реализраше две брејк топки за изедначување, но противникот во самата завршница од мечот сервираше одлично.
Ивановски следната недела го очекува настап на челинџер турнирот во романскиот град Јаши.






